February 4, 2023 07:37
Балкан

Морничаво видео од Нови Пазар: Се обидел да го спаси соседот од надојдената река, но поројот ги однел и двајцата

Се уште трае потрагата по две лица кои утрово околу 11 часот паднаа во реката Трнавица во Нови Пазар.

Во меѓувреме се појави вознемирувачко видео на кое се гледа моментот кога маж се обидел да спаси сограѓанин кој го носел надојдената Трнавица, но и тој паднал во водата.

На видеото од надзорната камера од блиската куќа се гледа дека млад човек истрчал на мостот и се обидел да му ја подаде раката на давеникот, но оградата пукнала и водата ги однела двајцата.

– Две лица кои паднаа во реката Трнавица се исчезнати и потрагата по нив се уште трае, додека лицето кое се обиде да ги спаси по интервенцијата на спасувачите е згрижено и е во добра општа здравствена состојба – соопштија од градскиот штаб за итни ситуации.

Штабот донесе одлука за прогласување вонредна состојба поради поплавите на територијата на Нови Пазар и апелира до граѓаните да избегнуваат движење и престој во близина на реки и други водотеци и да не поминуваат по импровизирани мостови.

Тие ги информираат средношколците на територијата на Нови Пазар кои живеат во загрозени подрачја дека се ослободени од обврската да посетуваат настава во втора смена.