August 22, 2019 07:10
Македонија

Морина се врати на Косово

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово.

Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот награничниот премин Блаце.

Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.

Морина поседува и британска патна исправа, која му е задржана од Основниот кривичен суд во Скопје со мерките за претпазливост.

Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд.

Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Северна Македонија.

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor