June 25, 2022 22:11
Свет

Мора задржан на германски аеродром

Главниот претставник на Европска Унија во нуклеарните преговори со Иран, Енрике Мора, изјави дека утрово, заедно со колегите накратко бил задржан на аеродромот во Франкфурт. Со тоа, како што наведе, се прекршени дипломатските правила.

Мора, кој е од Шпанија и долго ја предводи делегацијата на ЕУ на преговорите во Виена, појасни дека инцидентот се случил додека се обидувал „да фати поврзувачки лет од Техеран до Брисел”.

На Твитер тој објави дека од германските власти не добил „никакво објаснување” зошто е приведен.

„Официјално лице на ЕУ во официјална мисија со шпански дипломатски пасош. Одземени ми се пасошот и телефонот”, пишува Мора.

Тој додава дека приведени се и амбасадорот на ЕУ во Обединетите Нации во Виена и шефот на оперативната група на ЕУ за Иран.

„Нè држеа одвоено. Одбивањето да се даде било какво објаснување за тоа што го прават е кршење на Виенската конвенција”, тврди Мора.

Германската полиција, како и Министерството за надворешни работи, не биле веднаш достапни на барањата на медиумите за коментар околу целата ситуација.

https://tai.go88.is/

https://tai.sunwin.gg/