October 16, 2021 20:41
Македонија

МОН: Преку политиките на стипендирање студенти обезбедуваме зголемена финансиска поддршка и за младите од регионот со потекло од РСМ

Политиките за стипендирање кои ги спроведува Министерството за образование и наука (МОН) оваа година се ревидирани и значително унапредени во насока на обезбедување поголема поддршка од досегашната и тоа на што поголем број студенти. Воведени се низа нови типови на стипендии, а воедно зголемен е износот на речиси сите категории кои досега се доделуваа, вклучително и за студентите од регионот кои имаат потекло од Република Северна Македонија и сакаат да студираат тука, соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека и годинава МОН обезбеди 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција и тоа за додипломски студии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј” и „Мајка Тереза” во Скопје, „Св. Климент Охридски” во Битола, „Гоце Делчев” во Штип и „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Преку конкурсот кој беше објавен на почетокот на минатиот месец, кандидатите доставуваа пријави во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во државите во кои тие живеат. Износот на овие стипендии, како што наведуваат, годинава е зголемен за над 80 проценти, односно месечната стипендија од 3.300 денари се зголеми на 6.050 денари и продолжува да се исплаќа девет месеци во годината.

– Интензивирањето на соработката во сферата на образованието со македонските заедници од регионот е високо на агендата на МОН. Ова беше потенцирано и на последната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претставниците на македонската заедница во Албанија, минатата година во декември, кога се дискутираше за важноста на блискиот контакт меѓу сонародниците, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на младите кои живеат на територијата на нашиот западен сосед, а имаат македонско потекло и желба за студирање во РСМ, нагласуваат од МОН.

Минатата академска година, потсетуваат, ваков тип на стипендии им беа доделени на 20 студенти од Албанија, кои се запишаа на некој од нашите државни универзитети.

– Дополнително, директна поддршка во форма на стипендии обезбедуваат и дел универзитетите. Па така, од 2015 година до сега, Универзитетот „Гоце Делчев” доделил 15 стипендии за магистерски студии на студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија и согласно информациите од универзитетот овие можности за стипендирање ќе бидат достапни и во иднина, се вели во соопштението.

МОН, додаваат, ќе ги продолжи и ќе ги интензивира заложбите за отворање на државните универзитети за што повеќе студенти од регионот со потекло од РСМ, овозможувајќи им уписи на сите три циклуси на студии.

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Fruits Basket 1st Season (Dub) Episode 25

Website https://wcostream.cc: Watch Shounen Ashibe: Go! Go! Goma-chan 2 wcostream Episode 32 the flintstones wcostream

ViVid Strike! Episode 12

Ko-fi: https://ko-fi.com/kissanimemx0987

Acva2010 cs: https://acva2010.cs.drexel.edu/forum/index.php?u=/user/profile/57085/