October 26, 2021 19:39
Македонија

МОН: Над 18 100 прифатени апликации на првиот повик за субвенциониран студентски оброк

Во првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 30 август, пристигнале  21 693 апликации, а прифатени се 18 149 соопшти  Министерството за образование и наука. Повикот беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Апликациите се разгледани од надлежна комисија во МОН која одлучи за прифатените.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон за олеснување на животот на младите за време на студирањето. Девет месеци во годината студентите ќе добиваат по 2.400 денари  наменети за купување здрави оброци.

-На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а тоа може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации”) и да се преземе од таму, информира МОН, посочувајќи дека за дополнителни информации студентите може да се обратат на електронските адреси: [email protected]; [email protected] и [email protected]

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе почне  на 1 октомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние кои не успеајa да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.

AniWatch: Iria: Zeiram The Animation anime episode 6 online free at https://aniwatch.pro watch anime dub

Bono Bono Episode 154

Assassination Classroom (https://animeflix.nl/m/nyD) Episode 22

Patema Inverted (Dub) (https://animedao.nl/m/AlDD) Episode Full

Blip: https://blip.fm/profile/kissanimemx/props

Addwish: https://addwish.com/animefreakws