July 22, 2021 20:41
Спорт

Монсунски дождови во Букурешт пред премиерниот настап на Македонија на ЕП

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати попладнево романската престолнина предизвикувајќи им големи проблеми на УЕФА и романските организатори спроти утрешниот натпревар меѓу македонската и австриската репрезентација во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020.

Австријците денеска пристигнаа во Букурешт и според планираното требаше во 15:30 часот да го одржат својот прв и единствен тренинг на Националната арена во Букурешт пред утрешната пресметка со македонскиот состав.

По едночасовно одложување поради обилните врнежи од дожд австриската репрезентација се упати кон другиот крај на градот на стадионот на романскиот прволигаш Стеауа, каде невремето предизвика проблеми и со тренингот на македонската репрезентација.

Одлуката Австријците да не тренираат на Националната арена дојде по консултации со организаторите во обид да се зачува теренот во очекување, според најавите на метеоролозите, на нови обилни врнежи од дожд во романската престолнина во следните 24 часа.

Натпреварот меѓу македонската и австриската репрезентација започнува утре од 18 часот.

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch The Saint's Magic Power is Omnipotent Episode 10

AnimeDao Watch english anime Online in HD for FREE. City Hunter: The Motion Picture (https://animedao.nl/m/9OB) Episode Full

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. Watch Shigofumi Picture Drama Episode 7

KissAnime Buddypress: https://buddypress.org/members/kissanimemx/profile/