April 20, 2021 18:35
Македонија

Монова: Не го разбирам потегот на Радев, сите Бугари не се со став дека не постои македонски јазик

„Мене ми е чудно, не знам која е логиката на ова. Не знам што очекуваат во таква ескалација, некако и мене ме погодува како бугарски граѓанин“, изјавила истражувачката од бугарската академија на науки д-р Миладина Монова за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 на прашањето за вчерашниот потег на бугарскиот претседател Румен Радев за средбата со бугарските безбедносни служби.

Според неа во Бугарија не се сите со став дека не постои македонски јазик, и дека во моментов доминира национализмот, како и некои ставови кои биле заборавени во последните години.

„Во Бугарската академија на науки има секакви луѓе и секакви истаржувачи со различни ставови. Секој интелектуалец, историчар, социолог си го брани неговиот став. Не би рекла дека постои институција да има еден став. Тоа го прават политичарите“, вели Монова, која потенвира дека моментално доминира национализмот и изгледа само тоа е како алатка за држење на власта.

WCOStream the flintstones wcostream: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://wcostream.cc/m/L4yJ) Episode 1

AniWatch anime stream: Attack on Titan Final Season Episode 16