January 23, 2020 10:02
Свет

Момчиња бркале полициско возило во Париз

Полициско возило со двајца полицајци вчера било гонето од автомобил со пет млади луѓе, објави „Ле Паризиен“. Инцидентот се случил кога полицијата ги запалила ротациските светла за да избегне сообраќаен метеж.

Необичниотт инцидент се случил на раскрсница во Париз додека полицајците се враќале во предградието Кретеј. Според весникот, младите се обиделе да ги заплашат полицајците, па дури и да го наведат на судир полицискиот автомобил.

Откако полицајците повикале засилување, прогонувачите веднаш го запреле своето возило откако сфатиле дека ги брка полицијата. Петте лица во автомобилот биле на возраст од 19 до 24 години.

Прекршителите во моментот се наоѓаат во притвор поради загрозување на животот на други лица и за дела за заплашување. Момчињата, пак, негирале дека сакале да им наштетат на полицајците, велејќи дека тие едноставно го следеле полициското возило за да можат побргу да се движат низ сообраќајот.

Полицијата отвори истрага за случајот за да утврди дали дејствата на петте лица претставуваат заплашување или обид за загрозување на животите на другите.

Нови вести

ГАВИ: Вакцината против коронавирусот најрано за една година

zane

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

zane

Бразил: Намален бројот на убиства на граѓани, зголемен на полицајци

zane