December 6, 2019 12:15
Хроника

Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен

Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција.

Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил.

Известен е јавен обвинител и извршен е увид.

Нови вести

Експлодира плинска боца во куќа во Куманово, еден тешко повреден

Valentina

Физичка пресметка за паркинг место

Igor

Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Igor