October 27, 2020 06:22
Хроника

Момче прободено со нож во Парк

На 20.09.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен А.Р.(26) од Скопје.

Тој имал тешка телесна повреда нанесена од остар предмет.

Според пријавеното, тој бил нападнат од три лица во Градскиот парк во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.