June 23, 2021 07:37
Свет

Молња уби стадо од 18 индиски слонови

Гром уби 18 слонови одеднаш во Индија. Ова е најголемиот број слонови кои угинале во една несреќа, во областа Асам последниве 20 години.

Владини претставници соопштија дека слоновите биле усмртени кога громот удрил во заштитениот шумски резерват Кандоли. Жители на селото во близина ги известиле надлежните веднаш откако пронашле неколку трупа на животни во шумата.

Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, а околу 21 отсто од нив живеат во областа Асам.

Министерот за шуми, Паримал Суклабајда на Твитер напиша дека е „длабоко шокиран” од смртта на слоновите предизвикана од моќната молња.

GoGoAnime dubbed anime: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full (https://gogoanime.be/m/GpBQ/ep-1)

AnimeTV dragon ball anime tv: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) (https://animetv.cc/m/y27z) Episode 8