Балкан

Молиќај: Решението на спорот меѓу Косово и Србија е во редефинирање на границите

Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај вели дека ново исцртување на границите меѓу Косово и Србија е решение што ќе доведе до конечна спогодба за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставувајќи „Манифестот на ПСД“ синоќа на телевизијата „Клан Косова“, Молиќај кажа дека конечниот косовско-српски договор што му е „потребен на целиот регион“, треба да „подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија“.

На Косово му треба договор и тој му е потребен на целиот регион. На повидок се три можности: да се продолжи статус-кво ситуацијата што би претставувало регрес; второ, постигнување договор што ќе ја подразбира Заедницата на српски општини во Косово, што е нефункционално и подразбира продолжување на конфликтот; и трето е редефинирањето на границите и тоа подразбира дефинитивно раздвојување и меѓусебно признавање меѓу двете држави. Тоа подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија, изјави Молиќај.

ПСД, партија која се формира во мај 2018 година од незадоволни пратеници и членови на раководството на сега владејачкото Движење Самоопределување на премиерот Албин Курти, верува дека „новото исцртување на границите (меѓу Косово и Србија) претствува решение за траен мир“.

Тоа е можност за конечен договор, во чиј центар ќе биде еднаквоста и волјата на народот, изјави Молиќај.

Тој ја критикуваше владата на Курти за односот што го има во процесот на дијалогот со Србија, оценувајќи го нејзиниот дискурс кон Србија како „воинствен и осветнички“.

„Пристапот на новата влада е многу застарен. Нејзиниот дискурс е да се подготвиме за новиот напад, наместо да дискутираме за мир. Имаме воинствен и осветнички дискурс кон Србија. Таквиот пристап не носи ниту соработка, ниту добросостојба. Но, ние не ни очекувавме нешто од оваа влада“, изјави Молиќај.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2 Episode 3

AnimeHeaven Dragon Ball (Dub)

anime stream AnimeHeaven Dragon Ball Super (Dub)

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 5

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 23