August 12, 2020 22:50
Свет

Можно е одложување на изборите во Хонг Конг

Владата на Хонг Конг може да ги одложи изборите за градското собрание, планирани за 6 септември, за една година, поради стравот од ширење на коронавирусот.

Ваквата одлука сигурно ќе биде тежок удар за опозицијата, чија цел е да освои историска победа и мнозинство во градскиот Парламент, коментираат локалните медиуми.

Информацијата сè уште ја нема потврдено ниту канцеларијата на извршната директорка на Хонг Конг, Кери Ле, ниту канцеларијата за уставни и национални прашања.