September 17, 2020 16:01
Македонија

Можен бојкот на наставата во средните училишта

Средношколците се заканија – комбинирана настава или бојкот. Велат дека ова е клучно од 10те барања кои тие ги доставија до Владата.

Според нивните информации, Министерството за образование утре треба да објави како точно ќе се одвива наставата. Но оваа информација се уште не е потврдена од МОН.

-15 средни училишта можат да почнат настава со физичко присуство. Ние имаме над 135 средни улилишта. Само 3 отсто од вкупниоит број на средните училишта можат да започнат со физико присуство. За нас не е во ред само 3 отсто од учениците да почнат настава со физичко присуство, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

Последниот збор за тоа како ќе се одвива наставата од 1 октомври ќе го има владината Комисија составена од преставници од образование и здравство.

Досега вкупно 113 училишта доставиле барања за одржување настава со физичко присуство. 79 од нив се основни, 34 средни училишта. Рокот за поднесување на барањата беше до 10 септември, но до МОН се уште пристигнуваат одговорите од училиштата.

Во меѓувреме, здравствените власти не ја исклучуваат можноста за повторно одлагање на стартот на учебната година откако во неколку градинки се појавија позитивни случаи на ковид-19.