November 28, 2020 17:35
Спорт

Модриќ: Премногу сум стар за да се вратам во Тотенхем

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ проговори за својата иднина.

-Премногу сум стар за да се вратам во Тотенхем. Имам уште една година според договорот со Реал Мадрид, да видиме што ќе се случи понатаму. Се чувствувам добро и сакам да продолжам да играм уште неколку години. Фокусиран сум на Реал Мадрид и на она што можеме да го постигнеме оваа сезона. После тоа, со раководството ќе разговараме за најдоброто решение за обете страни. Имаме добри односи со сите во клубот, нема да има проблеми, изјави Модриќ за „FourFourTwo”.

Хрватот играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година, а потоа се пресели во Реал Мадрид.