September 26, 2020 08:23
Спорт

Модриќ: Бејл е возрасен, треба да знае што сака

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ го советуваше својот соиграч Герет Бејл да размисли разумно и да ги разјасни работите во неговата глава.

– Играме заедно скоро 12 години. Ситуацијата е тешка и за него и за клубот. Бејл е возрасен, треба да знае што сака. Мора да го избере најдоброто за себе. Дали овде се чувствува среќен или сака да проба нешто ново? За мене, Гарет е сè уште одличен фудбалер и има што да му даде на фудбалот. Од него зависи дали има доволно желба да оди напред. Мислам дека има, рече Хрватот во интервју за „Тајмс“.

Модриќ, кој ја освои Златната топка во 2018 година, исто така ја коментираше одлуката на „Франс Фудбал“ да не ја доделува наградата оваа година.

– Луѓето што го решија ова имаат свои аргументи. Штета што фудбалерите кои имаа одлична сезона немаат можност да ја подигнат наградата. Тука мора да споменеме еден играч – Левандовски, посочи халфот на „белите“.