April 24, 2019 22:24
Култура

Модерниот танц “Будење“ од Кина во МНТ

“Будење“ е насловот на модерниот танц што ќе гостува на 12 февруари, со почеток од 20 часот, во Македонскиот народен театар, а во изведба на Гуангдонг Сонг &амп;Амп Данц Театарот од Кина.

“Во режија на Ксуесонг Ванг, ‘Будење’ ја раскажува приказната за едно девојче коешто случајно се родило на село, наспроти очекувањата да се роди во некој голем и модерен град. Соочувајќи се со истите животни ситуации како и секоја друга девојка, нејзината приказна станува посебна и таа се соочува со предизвиците во животот и љубовта, како зрела и возрасна личност. Инспириран од принципите на современите изведувачки уметности, ‘Будење’ ги спојува традиционалната кинеска изведувачка уметност и дисциплината таи чи и ја обработува темата за бесконечноста на природата, истакнувајќи ја позитивната врска помеѓу човекот и природата и помеѓу човекот и животот од перспектива на модерната естетика“, стои во најавата на МНТ.

Нови вести

Со „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ во МНТ затворен јубилејниот „Танц фест 2019“

Igor

Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебармаало

Daniela

Нова летна културна манифестација во Охрид

Daniela