June 26, 2022 21:36
Економија Магазин

МОДЕРНА ТЕРАСА-место за инспирација

Имате нов дом, започнавте нов живот, време е да започнете со уредување и на вашата тераса. Летните температури и топлото време се на повидок, а со тоа и вашето присуство на вашата тераса, посебно во вечерните часови. Терасата е место каде се поминуваат убави мигови, се пие првото утринско кафе, се муабети со саканите или пријателите, таму ја читате вашата омилена книга.

 

Вашиот дом заслужува модерна тераса, катче за вистинско уживање.

Ви недостасуваат идеи или едноставно не знаете од каде да започнете?

Откријте на што треба да обрнете внимание, и со неколку промени направете ја вашата тераса место од кое нема да сакате да си заминете, Направете тераса која ќе биде ваше место за инспирација, која ќе биде функционална и практична и ќе има декоративен изглед.

Испланирајте го просторот функционално и  правилно. Нашиот тим од професионалци ви предлага секогаш пред да го украсите ентериерот, вклучително и надворешноста, треба внимателно да ги испланирате сите можности особено оние што најмногу ги сакате, за да знаете како да ја изберете најдобрата опција која ќе биде плод не само на вашите емоции, туку исто така и на рационалност. Така е и со терасите – колку и да изгледаат спонтано, важно е да размислите пред да опремите кои се најдобрите опции со оглед на нејзината големина, позиција, но и вашите животни навики и потреби.

Започнете од местото за седење, доколку немате простор за удобна голема софа, доволно е да имате една или две фотелји на кои ќе можете да одморите. Не ги заборавајте меките и шарени перници кои додаваат екстра комфор и прават иделана атмосфера за да седнете со шолја чај или кафе додека ја читате омилената книга.За поголема удобност, доколку ви дозволува просторот може да поставите и висечка лежалка.

Потоа следуваат додатоците и осветлувањето. Внимателно одбраните аксесоари и осветлувањето ќе го дефинираат карактерот на терасата. Кога планирате зелен агол со различни цвеќиња, ќе наидете на голем избор на саксии од различен материјали, па одберете го оној кој најмногу ви одговара. Исто така многу популарни се саксиите кои висат на оградата и не заземаат простор. Кога ќе дојдете до  изборот на осветлување одвојте малку време и пронајдете ги соодветните светилки, а вистински хит оваа сезона се оние во вид на лампиони, висечки  кои придонесуваат кон една убава атмосфера кога ќе зајде сонцето. Доколку се чувствувате романтично, може да  додадете и свеќи низ просторот.

Модерна и практична варијанта е и поставување на мал шанк, посебно на помалите тераси за правилно искористување на просторот. Доколку имате место и поголема тераса додадете полица, на која ќе го ставите вашиот кафемат и ќе уживате во вкусот на вашето омилено кафе.Исто така најдете простор и за вашата справа за вежбање, каде што ќе трошите калории и ќе се релаксирате. Доколку сакате чувсто на природа, поставете вештачка трева на подот на вашата тераса.

Уживајте во убавите мигови поминати на вашата модерна тераса!

Тимот на Саник

 

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/