February 2, 2023 22:26
Магазин

Моделот Џереми Рулеман ненадејно почина на 27-годишна возраст

Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Почивај добро Ј., сите те сакаме многу, напиша модниот дизајнер Кристијан Сарано на социјалните мрежи.

Моделот Џереми Рулеман почина на 27-годишна возраст, а причината за смртта засега не е позната.

Модниот дизајнер Кристијан Сириано сподели серија фотографии од него и Џереми заедно на „Инстаграм“.

„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек кој им дал толку многу љубов на сите што ги сретнал без разлика на се“, напиша Сириано и додаде дека Џереми бил една од неговите музи и секогаш ќе биде.

Во својата најнова објава на Инстаграм, Џереми позираше за снимањето на Томи Хилфигер.

Инаку, Џереми бил роден во Њу Џерси. Студирал психологија пред да започне да се занимава со манекенство во 2017 година. Бројни пријатели се простија од Рулеман на социјалните мрежи.