August 19, 2019 00:49
Магазин

Моделка добива смртни закани поради густите веѓи

Моделката Софија Хаџипантелис (22) секојдневно добива смртни закани на „Инстаграм“ поради своите густи и споени веѓи. Моделката е од Кипар, а се преселила во Лондон со надеж дека ќе го оствари својот сон да стане модел.

„Ги средувам веѓите, природно ми се темни, но не толку, малку ги потемнувам”, објасни Софија, која не се надеваше на успех поради густите веѓи. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 300.000 луѓе на кои им се допаѓа нејзиниот изглед.

Нејзината мајка е вработена во модната индустрија и таа од малечка ја учеше дека негувањето на веѓите е многу важно, но Софија во одреден момент одлучи да престане да ги чупа веѓите. Дури ѝ даде име на едната од своите веѓи и ја нарече Вероника.

„Јас сум природна русокоса, а сосем случајно ги нијансирав веѓите во 2014 година, и веднаш ми се допадна впечатливиот изглед”, рече Софија. Таа добива секакви пораки, од понуди за брак до смртни закани. Но, како што вели, ништо што ѝ зборуваат другите не ја допира.

„Никогаш не ја градев својата самодоверба врз основа на тоа како другите ме гледаат. Во училиште ме малтретираа поради облеката, родителите кои беа имигранти, не зборувавме англиски”, рече Софија.

Нови вести

Руските сателити наскоро ќе бидат невидливи од Земјата

Igor

Топењето на Гренланд го достигна нивото предвидено за 2070 година

Igor

Водата на Аљаска е толку топла што веќе ни рибите не можат да издржат

Igor