June 25, 2022 23:47
Свет

Мнозинството Французи се незадоволни од составот на новата влада

Составот на новата француска влада, предложена од Емануел Макрон и предводена од Елизабет Борн не ги задоволи мнозинството од Французите, покажува анкетата на Одокса Бакбон за париски Фигаро, јави дописникот на МИА.

Ова се почетоци кои би можеле да се опишат како макотрпни. Сè уште со нејасен став за големите проекти што доаѓаат, без разлика дали се однесуваат на куповната моќ или пензиите, а веќе потресена од аферата Дамиен Абад (обвинет од две жени за сексуално насилство), извршната власт го започнува со тешкотии овој втор петгодишен мандат. Французите го почуствуваа тоа. Според анкетата на Фигаро, Французите  не се убедени од составот предложен од Емануел Макрон. Дури 58 отсто од нив изјавиле дека се незадоволни.  

Проблемот произлегува од самиот почеток: назначувањето на Елизабет Борн, објавено по неколку недели одолговлекување, не постигна големо влијание врз јавното мислење. Нејзините неколку денови поминати во Матињон не беа доволни ниту за да предизвикаат ентузијазам. Денес, само 51 отсто од Французите велат дека се задоволни од првите чекори на премиерката. Најнезадоволни од неа се симпатизерите на Бунтовна Франција (61 отсто), оние на Националниот собир(72 отсто) и Реконкет! (74 отсто).

Французите не се многу воодушевени ниту од министрите кои го сочинуваат новиот тим. Во оваа екипа, ниту едно од назначените лица навистина не остава впечаток. Освен два исклучоци: Бруно Ле Мер (Економија) и Габриел Атал (Јавни финансии). Повторно назначен по пет години на функцијата, „неуништливиот” Бруно Ле Мер е најмногу ценет од неговите колеги. Неговото одржување дури 43 отсто од граѓаните го сметаат за „добра одлука”, наспроти 27 отсто кои веруваат во спротивното. Најмладиот од екипата на Макрон, Габриел Атал исто така се издвојува со 33 отсто позитивни проценки наспроти 29 отсто негативни.

Што се однесува до другите, тие предизвикуваат или отфрлање или рамнодушност поради недостатокот на углед. Ова е особено случај со Пап Ндијаје (Национално образование), Себастиен Лекорну (Војската), Амели де Моншалин (Еколошка транзиција), Станислас Гуерини (Јавна служба) и Дамиен Абад (Солидарност), означени како „славни непознати” од огромното мнозинство на Французите. Последниот, Дамиен Абад, поранешен претседател на републиканската група, сепак, страда од обвиненијата за силување кои неодамна излегоа на површина. Со оглед на тоа што 32 отсто од граѓаните неговото назначување го гледаат како „лоша одлука”, тој бележи највисок степен на непопуларност.

Уште понепријатно, Французите ја доведуваат во прашање способноста на оваа влада да се справи со прашањата кои се поставуваат пред неа, 53 отсто од нив не сметаат дека оваа екипа е „добро избалансирана во однос на профилот на нејзините членови”, а 62 отсто сметаат дека тие не се солидни и компетентни министри да одговорат на економските прашања (61 отсто) и социјалните (63 отсто) ). Со ист редослед, граѓаните сметаат дека оваа реконструкција не е знак дека претседателот сака да означи обнова, ниту пак дека ќе претседава поинаку од последните пет години. Останува да се види дали овие размислувања ќе имаат ефект врз претстојните парламентарни избори. Според студијата, во секој случај 56 отсто од испитаниците не мислат дека извршната власт заслужува да има мнозинство во Националното собрание.

play go88.vin nạp tiền go88 bằng sms go88 không the kết nối đến máy chủ

SUNWIN - Game bài SUN WIN số 1 thị trường Châu Á 2022 sunwin android sunwin app