December 7, 2022 22:08
Магазин

Многу филмови и серии ќе исчезнат од „Нетфликс“ до крајот на октомври

Откако беше најавено дека „Нетфликс“ наскоро ќе воведе реклами и дека работи на спречување на споделување лозинка, има уште лоши вести за корисниците.

Стриминг-гигантот откажува еден куп филмови и серии овој месец. Иако е веќе вообичаена практика стримерот да откажува дел од постарите содржини, овој месец долга е листата на серии и филмови кои повеќе нема да бидат достапни.

Британски „Индипендент“ објави листа на филмови кои месецов ќе исчезнат од платформата.

Во првите три дена од октомври, голем број филмови веќе се отстранети од оваа стримин-платформа. Меѓу нив се: About Last Night, Contagion, Due Date, Hotel Transylvania 2, Love & Other Drugs, The Town, Saving Private Ryan, The Amazing Spider-Man, A Beautiful Mind, Cast Away, Fight Club, Halloween (сите пет продолженија), Jumper, Schindler’s List.

До крајот на месецот нема да бидат достапни следниве филмови и серии: Jackass Presents: Bad Grandpa, Gen Hoshino Stadium Tour „Pop Virus“, Joker, Top End Wedding, Lawless, Meghnadbodh Rohoshyo, Singapore, Spider-Man 3, Suspicious Partner, Ujala, Unfaithful, What Happens in Vegas, Doctors, Beautiful Gong Shim, Don’t Dare to Dream, My Girlfriend Is a Gumiho, Rooftop Prince, Secret Garden, Yong Pal, You Are Beautiful.

Eден од најзначајните наслови кои се збогуваат е омилената хумористична серија Schitt’s Creek наградена со „Еми“, а која ќе мигрира во „Хулу“ еден ден потоа.

Како што пренесува британскиот медиум, заминуваат повеќе од 100 филмови и серии.