December 3, 2022 09:26
Спорт

Мначесте јунајтед се премисли – ќе му дозволи на Роналдо да замине од „Олд Трафорд“

Еден од најдобрите фудбалери во изминатата декада, португалскиот интеранционалец  Кристијано Роналдо (35 г.) во јануари ќе може да си замине од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Ваквиот пресврт се случи откако управата на англискиот гигант ја увиде грешката од летниот преоден рок, кога не му дозволи на Португалецот да  го напушти „Олд Трафорд“.

Тен Хаг инсистираше дека ќе најде место во тимот за Кристијано, но почетокот од сезоната носи сосема спротивна слика – Роналдо е закован за клупата за резерви, видно несреќен, а целата ситуација создава негативна атмосфера во екипата. И самиот Тен Хаг е свесен за грешката и веќе им соопштил на директорите дека Роналдо не му е неопходен во тимот, a за пресвртот во ситуацијата е известен и неговиот агент Жорге Мендеш.

За Португалецот е подготвен договор на 18 месеци, со можност за продолжување за уште една сезона, а истиот би можел да биде потпишан и пред крајот на годинава, за Роналдо веќе на 1 јануари да се пресели во Лондон и да му се стави на располагање на тренерот Потер.