November 14, 2019 13:24
Балкан

ММФ ја намали проценката на економскиот раст на Словенија за оваа и следната година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својот последен извештај, ја намали проценката за економски раст во Словенија, така што, според новата прогноза, БДП на Словенија годинава ќе се зголеми за 2,9 проценти, а истиот раст ќе се задржи и следната година, што е значително намалување во споредба со претходните предвидувања за раст од 3,4 проценти.

Проценките за економски раст за оваа и следната година, исто така, ги намали и Канцеларијата на словенечката Влада за макроекономска анализа и развој (УМАР), која сега за оваа година најавува раст од 2,8 проценти и зголемување на растот на три проценти следната година.

Корекциите на проценката на растот се засноваат на заладување на економијата кај главните економски партнери на Словенија во ЕУ, пред се во Германија и Италија.

Поради пониските буџетски приходи како резултат на намалените очекувања за раст на БДП во однос на претходните планови, словенечката Влада во буџетот за следната година ги намали своите предвидени буџетски расходи на најмногу 10,35 милиони евра, но сепак се очекува во 2020 година земјата да работи со суфицит на буџет од еден процент, со потреба  за штедење и да се намалат трошоците во речиси сите сектори, освен во министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

Нови вести

Од грчките острови Лезбос и Хиос пренесени 347 бегалци и мигранти во Атина

zane

(Вознемирувачко видео) Камион паднал од надвозник кај Љубљана, возачот загина

Igor

Претседателските избори во Хрватска на 22 декември

zane