November 12, 2019 00:25
Економија

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот монетарен фонд за централна и источна Европа, Надим Илахи.

Тој говорејќи за финансиската стабилност и економскиот раст на Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи во Бечичи, рекол дека пред се е потребно да се унапреди и деловното опкружување, бидејќи Унгарија, Полска и Словачка постигнале успех благодарение на тоа.

„Големо ограничување за регионот на Западен Балкан е слабата инфраструктура што ги одбива инвеститорите да вложуваат, зошто патиштата се лоши и има многу гранични премини“ рекол Илахи.

Според него, клучно е прашањето што регионот поминува низ емографски промени и што се намалува работно способното население, поради помалиот прираст и иселувањето на младото и образовано населние, а што пак негативно влијае на економскиот раст.

Нови вести

Ангеловска го претстави предлог-буџетот пред невладината, бизнис, и експертска јавност и синдикатите: инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

Igor

Бектеши: Инвестиции со Планот за економски раст се причина младите да инвестираат во нови бизнис идеи

Igor

Република Српска забрани увоз на над еден тон месо, меѓу кое и пратка од Скопје

Igor