Спорт

Млад фудбалер почина за време на натпревар во Русија

Нова трагедија ги погоди рускиот и светскиот спорт. Заврши ненадејноивотото на еден млад човек на фудбалскиот терен. Оумнаесетгодишниот Никита Сидоров почина на стадионот Торпедо во Орехово-Зуево, предградие на Москва, откако помина само пет минути на теренот.

-Лекарите и брзата помош пристигнаа многу брзо. Тие се бореа за неговиот живот час и половина, но за жал, го изгубивме”, изјави Михаил Пузанов, директорот на клубот  за кој играше како млад фудбалер.

Според првичните информации, причина за смртта може да биде оштетување на мозокот, т.н. церебрална аневризма. Но, резултатите од обдукцијата сè уште чекаат за да се потврди што всушност довело до трагедијата. Рускиот фудбалски сојуз, како и самиот клуб, изразија сочувство до семејството и пријателите на починатиот.

Никита започна да игра за Замнаја Труда во 2015 година, од каде се префрли во СС Спартак-Орехово, за кој играше од 2016 до 2018 година. После тоа, се врати во Замнаја Труда една година подоцна, за да игра за споменатиот клуб до денес во руската Б лига.

Ова не е прв случај од ваков вид. Во април минатата година, младиот играч Инокенти Самохвалов (22) ја доживеа истата судбина како и Сидоров.

KissAnime kissanime news: My Hero Academia (https://kissanimeonline.com/m/nym) Episode 13

WCOStream mickey and the roadster racers wcostream: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://wcostream.cc/m/Jbnz) Episode 24