November 30, 2020 11:35
Хроника

Млад скопјанец тешко повреден по пад од мотоцикл

На 20.10.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на скопската обиколница, во близина на клучка Смилковци, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(22) од Скопје, паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.