August 21, 2019 11:49
Живот

Млад богаташ научи животна лекција: Ги исмејуваше бездомниците, па три дена се обиде да живее без ништо – за малку ќе беше убиен

Млад богаташ научи животна лекција: Ги исмејуваше бездомниците, па три дена се обиде да живее без ништо – за малку ќе беше убиен

Млад богаташ имал лошо мислење за бездомниците, па се обиде   да се стави на нивно место. Ја научи својата лекција.
Кирен е човек кој има се – работа, прекрасна девојка, бебе и дом од соништата. Овој богат бизнисмен кои вози најдобри автомобили, носи скапа облека и часовници, од сето тоа се одрекол на три дена и заминал да живее на улиците во Лондон за да им докаже дека сите на улициѕе можат да се снајдат и да живеат подобро.
Керирен е ѕвездата на серијата „Богати деца преминуваат во бездомници“ која се емитува во Велика Британија. Какоо што изјавил во воведот на првата епизода во серијата,  бездомници се мрзливи и слаби, а не би требало да бидат.
– Мислам дека бездомниците можат многу повеќе да направат за себе. Тие се слаби и мрзливи, а не би требало да бидат. Тие се веќе на дното и мораат да продолжуваат да се обидуваат рекол Кеирен пред да излезе на улица.
Улицата во централниот Лондон во која ќе помине три дена важи за сурово место, каде самоубиствата, дрогата и алкохолот се причина за смрт во 50 отсто смртни случаеви. Кеирен доби само вреќа за спиење, стара облека и еден пар чорапи. Дома ги остави телефонот, картичките и личната карта и скапата облека. Сепак, тој не се уплашил, дури и смислил план и бил убеден дека се ќе помине лесно.
– Мислам дека ќе биде лесно. Ако успеам да се тргнам од улицата во хотел, тоа е доказ дека бездомниците можат да го направат истото тоа, рекол пред заминувањето на улица.
Неговиот план е следен: ќе проси додека не собере пари да купи чадори кои ќе може да ги препродава на туристите. Првиот ден пронашло прометно место и седнал да проси. Но по еден час, зарабоди пет фунти, ни рпиближно доволно да купи чадори. Тогаш призна дека се чуствува „како да го продава своето тело“ и дека мора ја тргне гордоста.
Кога не успеа да собере пари за хотел, Кирен морал првата ноќ да ја помине на студените улици. Следното утро продолжува со својот план со просење да соберре пари за чадори. Заработи малку во кеш, но доби нешто и храна. Сфаќајки дека тој ден заработил само седум фунти, одлучи да престане со тој план  и да смисли некој нов.
Вториот план бил да собере пари за да преноќи во хотел, За шест часа, собрал 33 фунти, што ни тоа не е доволно за хотелска соба во Лондон.
Очајнички се обидел да најде хостел, но секаде му рекле дека нема соба. Кеирен се вратил на емстото каде ја помина првата ноќ. Го запозна 32 годишниот Тоија кој завршил на улиците по раскинувањето со неговата девојка.
– Гледав како четворица  луѓе ги бодеа на улиците, рекол Томи, еден од многумината кој се дрогира.
Сепак, таа ноќ Киерен за прв пат имаше  чувство на нешто заедничко со луѓето од улиците. Смисли план да проси заедно со Томи и да заработи пари доволно за соба за нив двајца. Меѓутоам на Томи првата помисла ја имал како да дојде до дрога. Одлучил да продолжи сам  и пронашол хотел во кој двокреветна соба е 25 фунти, а еднокреветна е 60 фунти.
Се обидел да се пријави во хотел, но тогаш наишол на нов проблем. Хотелска соба можат да добијат лица само со лична карта. Очаен побара ново место за спиење, но тогаш работите уште повеќе се комплицирале.
 Еден од соседите бездомници  кој го запознал мислел дека е таен полицаец, а друг па му се заканил на Кеирен дека ќе го избоде со нож.
Екипата на емисијата била принудена да отиде во помош и да ја објасни ситуацијата и да го тргнат Кеира.
– Улиците се немилосрдни, не постојат зборови колку се опасни. Видов нож, не се чуствувам безбедно на улица, подобро во затвор, рекол тој.
Последната ноќ ја поминал пред црква. Кога дошло рвеме да се врати дома, се што заработил со просење ги подарил на друг бездомник. Исто така научил важна лекција. Сега е тој оној кој моли за бездомниците да им се помогне.

Нови вести

На 61 година изгледа како девојка – времето како да запрело за неа

24news

Лима гола во кревет со ружи кои ѝ ги испратил милијардер, а сите се прашуваат дали има гаќички

24news

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Filip