February 3, 2023 21:11
Македонија

Млади претприемачи – нова платформа за финансиска поддршка на младински социјални претпријатија

Националниот младински совет на Македонија (НМСН) изработи нова веб-платформа за финансиска поддршка на социјални претпријатија – „Млади претприемачи”. Целта на НМСМ со веб-платформата, е да се поттикне економско зајакнување и развој на социјалните претпријатија предводени од млади.

-„Млади претприемачи” претставува crowdfunding алатка, преку која младите можат да собираат средства за формирање на социјално претпријатие. Претприемачите ги претставуваат своите иницијативи на платформата и преку crowdfunding кампања потоа можат да соберат финансиска поддршка од јавноста за реализација на нивната идеја, велат од НМСМ.

Тие појаснуваат дека платформата е отворена за користење за веќе постоечки социјални претпријатија, граѓански организации и млади индивидуи, тимови кои имаат идеја за сопствен бизнис, меѓутоа немаат почетен капитал кој може да го вложат за развој, oсновање или унапредување.