March 7, 2021 19:49
Скопје

Младите од Карпош сакаат да одлучуваат

Младите од Карпош сакаат да бидат вклучени во сите процеси на одлучување и дејствување на локално ниво. Високи 60 % од нив сметаат дека можат да понесат лична одговорност, и  со ангажман и акција да променат нешто. Исто така, 53 отсто од младите досега имаат волонтирано, а мотивација за тоа е што сакаат да помогнат на поединец или на група на луѓе.

Ова го потврдува истражувањетo: „Потреби на младите на локално ниво – младински локални банки“, подготвено од младинската организација „Младите можат“, кое беше поддржано од Амбасадата на САД во Скопје.

Денеска, се одржа онлајн презентација на ова истражување кое ги опфати општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром. На хибридниот настан учествуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој ги коментираше резултатите од анализата и ги афирмираше проектите на локалната самоуправа поврзани со младите.

-Ме радува фактот што младите се задоволни од парковите и зелените површини, и апсолутно, ова се областите на кои уште повеќе продолжуваме со работа. Голем дел од испитаниците како главен проблем ги истакнуваат агресивните кучиња – скитници. И ова е реалност! Во таа насока, како општина доделуваме два милиони денари на градското ЈП „Лајка“ за да работи на мапирање и хуман третман на кучињата, рече Богоев.

Сепак, високи 73,8 % од младите луѓе во Карпош сакаат да ја напуштат нашата земја. Тие генерално се задоволни од случувањата во општината, локалните проекти и слично, но ова е прашање кое опфаќа поширок контекст.

-Овој податок е разочарувачки за мене како млад градоначалник, како личност која во изминатите години значително работеше на оваа проблематика заедно со целиот младински сектор. Но, ако имате ситуација со владеење на правото како што имаме овие денови – не можеме да очекуваме дека младите ќе сакаат да живеат тука, кога гледаат како функционира правниот систем. Младите мора да очекуват правна стабилност, за да вложуваат во себе, да инвестираат во свој бизнис, во идеја. Но, за тоа да се случи потребна е сигурност и почитување на законите, истакна градоначалникот Богоев.

Во општина Карпош со истражувањето беа опфатени 168 млади луѓе, а организацијата „Младите можат“ вклучи и фокус група, со цел да се добијат уште порелевантни одговори. Оваа публикација претставува и основа на локалната самоуправа во креирањето на следните политики и активности во врска со младите луѓе. Истата, овие денови ќе биде достапна и на веб страната ( www.karpos.gov.mk ).

Hunter x Hunter Episode 148 at website https://animeflix.nl animeflix hunter hunter

The Quintessential Quintuplets 2 Episode 7 at website https://crunchyrollfree.com. See more watch anime dub