Магазин

Младиот актер Гаспар Улиел почина во несреќа на скијање

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој треба да се појави во претстојната ТВ- серија на „Марвел“, Moon Knight („Месечев витез“) почина на 37-годишна возраст.

Неговото семејство изјави за новинската агенција АФП дека тој починал во средата по несреќа на скијање на Алпите.

Улиел, еден од француските актери во подем, беше познат по филмовите „Долга свршувачка недела“, „Тое е само крај на светот“ и „Сен Лоран“, биографски филм за францускиот моден дизајнер.

Актерот во вторникот скијал во регионот Савој кога се судрил со друго лице.

Тој претрпел тешка траума на мозокот и со хеликоптер бил префрлен во болница во Гренобл, каде што починал следниот ден.

Другиот скијач не бил хоспитализиран. Во тек е истрага.

Веста за неговата смрт дојде само еден ден откако на интернет беше објавен трејлерот за „Месечев витез“ (Moon Knight), во кој тој глуми како Миднајтмен (Midnight Man).

anime sites. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak One Piece (Dub) Episode 769

old animefreak High School DxD

How NOT to Summon a Demon Lord Ω

anime stream AnimeFreak Death Note

AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 18