June 19, 2019 03:18
Магазин

Млада актерка се онесвести во Кан поради претесен фустан

Американската актерка Ели Фенинг се онесвести на филмскиот фестивал во Кан, бидејќи нејзиниот фустан беше премногу тесен.

Актерката (21) се онесвести синоќа на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“, објави АП.

Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина” и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот прада-фустан.

Оваа година, актерката беше членка на канското жири.

Таа е најмладата личност која некогаш учествувала во деветчленото жири кое одлучува за „Златната палма“.

Нови вести

Возел со ГПС: Пензионер тргнал со автомобил од Њукасл за Рим па завршил во Германија

Igor

На интернет аукција: Мислел дека за 9.000 долари купил вила, добил тревник од 50 долари

Igor

„Самсунг“ ги советува потрошувачите редовно да ги скенираат своите уреди за вируси

zane