April 11, 2021 12:09
Економија Македонија

МКБ единствена институција за издавање Сопствен извештај и Корпоративен бонитетен извештај

Сопствениот извештај за физички и правни лица и Корпоративниот-бонитетен извештај за правни субјекти на Македонското кредитно биро дава можност за навремен, точен и целосен увид во сопствените обврски и менаџирање со нив, а со цел да се спречи евентуално блокирање на сметката и тужби за некој долг.

Од Кредитното биро во соопштение наведуваат дека Македонско кредитно биро е единствена институција која нуди услуги од ваков тип. Сопствен извештај е документ кој се изготвува на лично барање на нарачателот, односно физичкото или правното лице, кое сака да ја провери сопствената задолженост. Сопствениот извештај нуди целосен увид во сите обврски. Обезбедува брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и подмирувањето на истите со што преку унапредување на својата лична евиденција, може да се спречи евентуално презадолжување, а со тоа и избегнување на дополнителни трошоци.

-Извештајот е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските, и тоа: обврски по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги, наведуваат од Македонското кредитно биро.

Според нив, една од клучните работи за правните лица во деловниот свет е донесувањето на правилни и сигурни бизнис одлуки кои што ќе донесат позитивни резултати за компанијата. -Корпоративниот-бонитетен извештај e единствениот кој ќе им го овозможи тоа на правните субјекти. Овој извештај покрај податоци за задолженост и редовност во подмирување на обврските, содржи и индикатор за финансиската стабилност на правниот субјект, податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои се добиваат од Единствениот регистар на трансакциски сметки, тековни состојби на правни субјекти и комплетни завршни сметки на субјектите за последните три години, во кои детално се прикажани билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за готовински тек.

Watch I want to eat your pancreas Episode Full at WCOStream dubbed anime

Fairy Tail Episode 175 at website https://funimationfree.com. See more funimation store