April 15, 2021 10:04
Македонија

Мијалков бил во Србија, од каде преговарал со Заев, државата претворена во тезга

Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје.

Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница?!

Заев ја претвори државата во тезга.

Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата кај што бил сместен Мијалков и што нашле таму?!

Што крие Заев и дали мисли дека јавноста верува во приказните за качување и симнување на температура.

Додека Заев со Спасовски снима боливудски филмови во главна улога на Мијалков, Македонија тоне во корупција.

Догодина не на 111 место, туку на 150 место ќе бидеме. Македонија тоне во корупција. Со Заев никогаш нема ниту да излезе.