September 25, 2021 02:03
Магазин

Мишел Јо: Откако го победив во борба, Џеки Чен повеќе не мисли дека жените треба да бидат во кујна наместо во акциони филмови

Џеки Чен можеби е голема акциона sвезда која остави свој белег и во азиската кинематографија и во Холивуд, но тој порано мислел дека на жените не им е место во акциони филмови.

Актерката и боречки уметник Мишел Јо е личноста која го натерала да го смени мислењето.

Во интервју за „Гардијан“, познатата актерка и експерт за боречки вештини открива дека Џеки сметал дека на жените местото им е во кујната и не треба да глумат во акциони филмови. Ваквиот став го имал сè додека „кунг фу божицата“ (термин кој „Гардијан“ ѝ го припишува на Мишел во нивното интервју) не го победила во борба.

Не бил само ставот на Џеки со кој Мишел морала да се соочи во раните 1980–ти кога тренирала акробации. Таа, исто така, се соочувала со омаловажувачки ставови од каскадерите во теретана во Хонгконг каде што редовно вежбала.

„Ми се потсмеваа со вкрстени раце: oва малo суштество сака да го направи сето ова? Но, јас ги следев како се движат. Бев во таа сала од 8,30 часот наутро до зајдисонце секој ден,“ изјави 59-годишната ветеранка за британскиот весник.

Кога ја започна својата актерска кариера во акциони и филмови со боречки вештини, Мишел ги снимала повеќето опасни сцени и акробации без каскадери.

„Излезгувате и го правите она што треба да го направите“, вели таа.

Нејзината работа на филмот Yes, Madam од 1986 година беше посебно забалежителна по сцената кога лета во воздух и се пробива низ стакло.Во друга акробација, таа виси наопаку додека ги заглавува нозете на оградата од балконот, и во брзо вртење ги крши стаклените панели (со задниот дел од главата) и ги исфрла непријателите.

„Еден потег! ” рече таа за „Гардијан“, а потоа додаде: „Фала му на Бога што беше само еден.“

Уште еден трик што беше посочен. Сцена каде што таа изведува скок со мотор врз воз во движење во филмот Supercop или Police Story 3  oд 1992 година. Патем, во тој филм глумеше со Џеки.

Мишел, родена во Малезија, првично сакала да биде балерина и решила да студира на Кралската академија за танц во Лондон. За жал, таа се здобила со повреда на грбот на 16 години и нејзините надежи за балетска кариера се угасиле.

Website https://animetv.cc: Watch Bannou Bunka Neko-Musume Specials (Dub) animetv Episode 2 stream anime tv

Watch High School Agent Episode 2

Website https://4anime.biz: Watch Batman Ninja 4anime Episode Full 4anime anime

Website https://animeflv.uk: Watch Little Charo 2: Adventure in the Middle World animeflv Episode 5 gogoanime

Catchafire: https://www.catchafire.org/profiles/1642841/

Crokes: https://www.crokes.com/gogoanimelol/profile/