August 24, 2019 10:32
Балкан

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на владата.

Во едночасовниот говор, Мицотакис говореше за владината политика во повеќе области, а кусо се задржа и на преспанскиот договор и грчко-турските односи, пренесуваат медиумите во регионот.

„Приоритет за Балканот е да се ублажат негативните ефекти од преспанскиот договр, а главната точка тука е развојната програма за северна Грција, заштитата на нашите производи и големата меѓународна кампања за нашата Македонија“, изјави Мицотакис.

Тој додаде дека ставот и добрата соработка на соседите ќе го одредат нивниот пат кон Европската Унија.

Грчкиот премиер во претставувањето на програмата, големо внимание посвети на економските политики. Најави намалување на даноците, како и забрзување на приватизацијата. Во однос на промените во здравството, Мицотакис нагласи дека ќе има вработување на 2.000 здравствени работници и истакна дека веднаш ќе почне да се спроведува законот за забрана на пушење на јавни места. Во образованието, приоритет на грчката Влада е вработување на 4.500 наставници по дефектологија, како и укинување на универзитетскиот имунитет според кој полицијата немаше право да интервенира во внатрешноста на факултетите.

 

Грчкиот премиер вети борба против бирократијата, како и измени во изборниот законик, меѓу кои и можноста за гласање на Грците кои живеат во странство.

 

Нови вести

Грција продолжува да депортира бегалци и мигранти

Filip

Во Албанија најбројни туристите од Косово и од Македонија

Filip

Четири шумски пожари во Грција

Filip