Балкан

Мицотакис: Целта е да стигнеме до безбеден Велигден и послободно лето

Заканата е сѐ уште тука, затоа имаме докажано дека одиме чекор по чекор и секоја седмица, во соработка со експертите, ги оценуваме епидемиолошките податоци, бидејќи, како што имам кажано, целта е да стигнеме до безбеден Велигден, но и уште послободно лето, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот на пратеничката група на Нова демократија. Мицотакис ја истакна важноста одговорно да се чекори напред, комбинирајќи ја заштита на здравјето со внимателно повторно отворање на економските активности.

-Чекориме во последната, но и во најчувствителната фаза од пандемијата. Имаме три сојузници и еден противник. Од една страна ги имаме вакцините, времето и масовните тестови, без разлика дали се десетици илјади тестови на Националната организација за јавно здравје или милиони селф тестови во образованието, а од понеделник и на работните места. Од друга страна, непријател и понатаму е заморот, но олабавувањата на рестрикциите, не може и не смее, да донесе олабавување во будност, истакна Мицотакис

За процесот на имунизација, грчкиот премиер рече дека на крајот на април ќе бидат спроведени над три милиони вакцинации, два милиони граѓани ќе ја имаат примено првата доза, а над еден милион ќе бидат ревакцинирани и целосно заштитени.

Во однос на селф тестовите порача дека не можат да бидат „алиби за несовесно однесување”, бидејќи без претпазливост, „тестот што денеска е негативен, може утре да биде позитивен”.

Конкретните брзи тестови за домашна употреба од понеделникот беа воведени за учениците од повисоките класови на средните училишта, како додатна алатка за безбедно враќање во училишните клупи.

За отворањето на основните и останатиот дел од средните училишта, министерката за образование на Грција Ники Керамеос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека засега не постои препорака од надлежната комисија и дискусијата се одложува за по Велигден.

AnimeFreak animefreak dragon ball: The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 12

4Anime 4anime website: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 5