Балкан

Мицотакис телефонски разговараше со Мишел и Фон дер Лајен во пресрет на Конференцијата во Берлин

За актуелните теми што ја засегаат Грција, како што е Турција, Либија и Конференција во Берлин, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, телефонски разговарал со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и била потврдена потребата, на утрешниот состанок во Берлин, да се одбранат заклучоците од Самитот на ЕУ, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска имаше телефонски разговор и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајнен, која заедно со Мишел ќе присуствуваат на конференцијата во Берлин.

И за време на овој разговор беше потврдена одбраната на рамката со заклучоците на Европскиот совет и изразувањето на позициите на Грција преку претставниците на Европската Унија на Берлинската конференција, што ќе се одржи утре, соопшти кабинетот на Мицотакис.