June 16, 2021 16:27
Балкан

Мицотакис: Слобода не значи неодговорност, потребна е внимателност

Задоволство за фактот што со укинувањето на мерките, Грците добија поголема слобода, но и загриженост дека „многу граѓани, се чини дека веруваат дека веќе конечно се ослободивме од пандемијата, нешто што не е така”, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека иако е зголемена слободата на граѓаните, иако се намалува бројот на нови случаи и на пациенти приклучени на апарати, сепак потребна е внимателност и почитување на мерките, бидејќи пандемијата е сè уште тука, а колективнит имунитет сè уште не е изграден.

-Слобода не значи неодговорност. Уште еднаш да го повториме ова: слобода не значи неодговорност. Слободни сме да правиме многу повеќе работи од она што го правевме пред неколку седмици, но мора да продолжиме да бидеме внимателни, да се заштитиме самите и оние кои ги сакаме. И секако, преку нашето однесување и преку индивидуалната одговорност го штитиме и поширокото општество во целина, рече Мцотакис.

Професорот епидемиолог Сотирс Циодрас, кој е шеф на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, на состанокот порачал дека „епидемијата сè уште ни се заканува” и изразил загриженост за мутациите.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакна дека е важно на патот кон „новата нормалност” да се почитуваат мерките за да нема враќање назад.

-Се наоѓаме на почетокот од крајот, а не на крајот од обидите. Не завршивме со пандемијата. Не забораваме дека вирусот останува меѓу нас и демне. И затоа, како што упорно препорачуваат експертите, мораме сите да се придржуваме до мерките за индивидуална заштита: да носиме маска, да одржуваме растојание, да избегнуваме собирања, порача Пелони.

По завршувањето на карантинот во Грција, од денеска, по шест месеци пауза брифинзите со владината портпаролка, одново се со физичко присуство на новинарите, наместо онлајн како што беа за време на рестрикциите.

На сите присутни новинари, пред почетокот им беше направен рапид тест.

AnimeTV anime websites: Watch Bleach Episode 184

AnimeHeaven dragon ball super anime heaven: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full