June 17, 2019 17:11
Македонија

Мицотакис призна дека со договорот придавката ’’Македонски’’ ја добивме ние

Лидерот на Нов демократија, Кирјакос Мицотакис, говорејќи во Европскиот парламент за време на на активностите на Европската народна партија, се осврна и на Договорот од Преспа, а овој пат, акцентот го стави на производите кои го носат терминот „македонски”, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека Договорот од Преспа речиси ја даде на друг придавката „македонски”, а уште еднаш го повтори ставот на најголемата грчка опозициска партија дека „признавањето на македонска националност и македонски јазик е најголемата грешка и длабока национална отстапка во однос на оние работи за кои преговараа претходните влади”.

– Гледате дека, за жал, континуирано се додаваат и нови проблеми за кои имавме споменато и кои ќе ги најдеме пред нас: идентитетот на македонските производи од Северна Грција денес е оспорен, бидејќи Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката „македонски”. Тоа значи, кога македонските производи доаѓаат на саеми во странство некои оспоруваат дека можат да се претстават на овој начин. Ќе биде потребна голема битка за да можеме да ја коригираме создадената тешка ситуација и да го одбраниме брендот на Македонија и грчките компании кои се базираат токму на ова име, кое што се идентификува со нашата Македонија, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, Договорот од Преспа го спомена заедно со уште три други причини зошто граѓаните не треба да гласаат за Ципрас на следните избори.

Нови вести

Општина Боговиње ќе реализира два инфраструктурни проекта со финансиска поддршка од државата

Filip

МВР започна со издавање на новите регистарски таблички со ознака НМК

Filip

Сугарески: Над 100 милиони евра инвестиции за патишта во југоистокот

Filip