January 24, 2020 03:56
Балкан

Мицотакис по средбата со Ердоган: Ги поставив сите теми што произлегуваат од последните турски активности

Ги поставив на маса сите теми што произлегуваат од последните турски активности, беа забележани несогласувањата од двете страни, рече премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на маргините на НАТО Самитот во Лондон и додава дека имале отворена дискусија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Беа забележани несогласувањата од двете страни. Двете страни, сепак, се согласија да ги продолжат разговорите за мерките за градење доверба на Министерството за одбрана, рече Мицотакис по средбата.

Тој додаде дека му дал наредба на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас да го свика Високиот совет за надворешна политика за да бидат информирани политичките партии.

-Сакам да го уверам грчкиот народ дека тешкотии во односите со Турција имало, има, и ќе има. Мојата проценка е дека штом и двете страни покажат добра волја, на крајот може да се надминат, истакна грчкиот премиер.

На средбата, освен Мицотакис, од грчка страна присуствуваа и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, министерот за одбрана Никос Панајотопулос, директорката на дипломатската канцеларија на премиерот, Александра Пападопулу, советникот за национална безбедност Александрос Диакопулос и директорот на прес службата на грчкиот премиер, Димитрис Циодрас.

Нови вести

(Фото) Осуденик за измами е мажот кој се застрела пред Собранието во Белград

Igor

Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

Filip

(Видео) Маж се самоуби пред Парламентот во Белград

Filip