June 25, 2022 22:44
Свет

Мицотакис најави дека Грција ќе набави воени авиони Ф-35 од САД

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис потврди дека Грција ќе набави напредни борбени авиони Ф-35 произведени од САД и дека водечки американски одбранбен изведувач се обидува да инвестира во воздушната индустрија на земјата, пренесува Катимерини.

-Ќе го започнеме процесот за набавка на ескадрила од авиони Ф-35 и се надеваме дека ќе можеме да го додадеме овој фантастичен авион во грчкото воздухопловство пред крајот на оваа деценија. И јас сум среќен што во петокот Локхид Мартин официјално го изрази својот интерес за оваа инвестиција“, рече Мицотакис на отворањето на приемот по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.

go88 cổng 2 go88 bị sập pay go88

app tải sunwin