November 28, 2021 06:35
Култура

Мицко Мице Јанкуловски добитник на наградата најдобар уметник  

Мицко Мице Јанкуловски е добитник на наградата за најдобар уметник на биеналето Ларнака 2021, кое оваа година се одржа на тема „Безгранични граници”.

Советот ја соопшти следната мотивација за доделувањето на наградата:
Црната не е боја, тоа е граница што сугерира дека ништо не постои понатаму … но црните слики на Јанкуловски на најсугестивен уметнички начин докажуваат дека сепак, има многу повеќе во црнилото, со што се кршат границите на веќе познатото. Парадоксално на очекувањата за надминување на границите со проширување, Јанкуловски ја постигнува неограниченоста во неговите слики со стеснување, фокусирање, всушност со отфрлање на другите бои, четки – сите атрибути на класичниот медиум во кој работи – сликарската уметност.
Оваа континуирана потрага да се види што има преку границата со користење само на класични, аналогни алатки (без помош на новата технологија), заедно со главните уметнички и концептуални атрибути што ги препознавме во неговите слики: монохромност, модуларност, мултипликација и минимализам, се вредни аргументи за доделување на оваа награда.

Јанкуловски ја постигнува неограниченоста во неговите слики со стеснување, фокусирање, всушност со отфрлање на другите бои, четки – сите атрибути на класичниот медиум во кој работи – сликарската уметност, додаваат организаторите на биеналето.

Во моментов во галерија „ОСТЕН” е поставена изложбата „ДИЈАЛОГ: Сулаж и Јанкуловски” – слики и графики.

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at AnimeKisa anime websites

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Animepahe: Revue Starlight Specials anime episode 3 online free at https://animepahe.cc anime online

AnimeTV: New Spirit Warrior (Dub) anime episode 2 online free at https://animetv.cc anime sites