Македонија

Мицкоски: Oд кога нивниот градоначалник во Куманово молеше за карантин, ни него не го послушаа од владата, таму сега има хаварија со пандемијата

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше на „Само интервју“ каде што посочи дека денес се има алармантен податок 11 медицински лица се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински лица се заболени и тоа само во Куманово

Тој како случај за лошо справување го спомена случајот со Куманово каде со голема брзина расте бројот на заразени.

„Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивен човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта не води сериозна борба против пандемијата на коронавирусот, со оглед на инфромациите со кои располага е дека министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот коронавирус.

„Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање. Ако навистина имаат 350 теста на располагање тоа е катастрофално“, образложи Мицкоски.

Мицкоски потсети дека до пред неколку дена на ден се тестираа околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега резервите на тестови се доведени на минимум и со таа динамика Македонија има тестови само за уште еден ден.