September 23, 2019 22:27
Македонија

Мицкоски: Ќе се дознае дали куферите завршувале на Бихаќка

Апатија и депресија владеат кај луѓето кога гледаат дека за овие 28 години не успеавме да се изгради механизам што ќе гарантира правда, законитост и чесност. И тука не сакам да амнестирам никого кој се огрешил кон овој народ и Република Македонија. А Бога ми ги има доста такви. Но имам полно легитимно право жестоко да ги критикувам овие сега кои се на власт, затоа што нивното ветување беше дека ќе имало живот. А гледаме дека живот има се помалку, а пекол сè повеќе, рече лидерот на ВМРОД-ПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свечениот настан по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во Гази Баба.

„Во овие последни три години имаме украдена и одземена држава. Народoт не чувствува дека е заштитен од сопствената држава, се отиде дотаму да се чувствуваат како кираџии во сопствената куќа. Вчера гледам еден спот направен од владата насловен боите на независноста, 45 секунди каде се зборува дека ќе се слави независноста, но ниту еднаш, ниту еднаш, никаде не се споменува зборот Македонија. Зарем стигна дотаму да нè стигнатизираат нас, зарем стигна дотаму да нè замолчуваат нас, коишто громогласно ќе го кажуваме зборот Македонија. Па дури ова не било ни во времето на најтврдокорните комунисти, оние коишто забрануваа самостојна и независна македонска држава. Тие коишто се бореа за тоа ги праќаа на Голи Оток. Денеска секој оној кој што ќе крене глава и ќе се бори за сопствената правдина и кој не дај Боже ќе има опозиционо мислење завршува во прегратките на Реџепагиќ и Русковска, а потоа се знае каде, во Шутка во истражниот затвор, во притвор.

Сакам јавно да го прашам Зоран Заев за овој срам, голем срам, чија независност славиш? На која земја се слави независноста на 8 септември, ама да одговориш и што одлучија граѓаните на тој 8 септември? Зарем толку е тоа страшно, зарем толку е тоа тешко да се каже дека на тој 8 септември огромно мнозинство граѓани одлучи да гласа и да живее во независна и суверена Република Македонија?

Македонија ја има сè помалку и затоа што десетици, стотици, илјадници семејства ја напуштаат нашата земја и се отселуваат. Имаме цели градови иселени и празни. Вчера ја прочитав веста дека само во Делчево за еден ден, замислете само за еден ден го напуштиле 1.000 луѓе, кои отишле на сезонска работа во странство. Ова е егзодус на секој еден од нас. Ова е егзодус на Македонија. Да го прашам Зоран Заев зошто не отиде до Делчево, па да остави илјада пара чевли пред општината зошто само за еден ден стотици семејства си заминаа од нашата земја? Што направи тој за овие три години за да задржи барем еден човек во земјава, ако не повеќе?

Луѓето се иселуваат затоа што, како што вели народот, им се збогтиса од разно-разни Заевци, Вицевци, Анѓушевци, директорчиња кои преку ноќ стануваат милионери, од протекции на училиштата, во бизнисот, да мора да се чека она што со пот е заработено, да се очекува да се поклонуваат на разни лажни величини и измислени вредности, да се биде лажен во исчекувањето за нешто подобро кое никако не се случува.

Вчудовидени за страста за работа на Катица Јанева па макар и прекувремено гледаме писмо каде таа наредува случаите да се предадат на работа кај рускоска-обвинителството. Со други зборови, да се чуваат на посигурно за да се задржат конците за политички притисок врз опозицијата. Значи од еден сеф на СДСМ во друг сеф на СДСМ. А пустите така мислат дека ќе нè исплашат. Но и за ова се лажат.

А не сакаат да се зборува за случајот „Рекет“ затоа што се стига полека, полека, богами до главата на октоподот. Во оваа операција е и онаа парада за одење пред обвинителство како демек Кики кажува дека не е Кики, а истото ќе го повтори и Фрики. Па овој Кирацовски ќе ни каже дека со Боки се видел еднаш, двапати, ама ете го излезе една фотографија во медиумите како заедно пеат серенади на кејот на Вардар реката во еден ресторан, веројатно кроејќи некаква куфер-политика. Некако премногу интимно и добро се познаваат ако ја гледаме таа слика.

Претпоставувам и некој светол ден од сега ќе излезе Рускоска ќе каже има криминал ама тука се вмешани двајца, тројца без ниту еден од власта. Демек овие милиони се земани без знаење на главата на октподот.

Тоа што цело СДСМ му е во одборите на Меѓународниот сојуз за власта, а и за обвинителството е небитна работа. Ама што би рекол народот, тука лежи зајакот. Ова мириса, силно мириса и отвора сомнеж дека овој милионски криминал со Меѓународниот сојуз е параван за финансирање на кампањата на изборите на СДСМ. Овие сомнежи треба да се испитаат, и да се види дали тоа што овој сојуз е преполн со луѓе од раководството на СДСМ е поради фактот што куферите можеби завршувале на Бихаќка?

Нè чека многу работа, а не привилегии, многу пот, многу солзи, многу крв. Но јас во оваа просторија денеска гледам храбри жени членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, мотивирани коишто се подготвени за еден таков предизвик. Затоа што вие заедно со нас немате право на грешка. Македонија тоа го очекува од вас.

Ние треба да го пополниме сето она за ко што зборував, 28 години поминаа, а денеска сме сè подалеку од она коешто беше нашата идеја богата просперитетна, независна Република Македонија. Вие сте тие заедно со нас коишто треба да ги вратат оптимизмот, насмевката, веселите лица, гордо кренатите глави на нашите сограѓани“, порача Мицкоски.

Нови вести

Платите да не се покачуваат, парите да не се враќаат!

Igor

Усеини повикува на протест поради рушење на дивоградбите во Охрид

Igor

Манчевски: Отворени се 50 илјади работни места, платите растат

Igor