December 9, 2022 00:22
Македонија

Мицкоски: Јавните претпријатија да мигрираат од слободен на регулиран пазар, тоа е наш предлог со измените на законот

Најпрвин сакам да кажам дека таа обврска која што ВМРО-ДПМНЕ и јас ја превземавме како резултат на таа средба е реализирана. Позициите се предадени и од информациите кои јас ги имам ќе има официјални средби во текот на следниве ден или два. Кој ќе биде резултатот и како понатаму ќе се одвива процесот јас не можам да гарантирам бидејќи јас немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Таму си има надлежни институции и одговорни лица кои што треба тој процес да го движат во таа насока. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање дали по остварената средба во Владата очекува прифаќање на предлозите и контактите на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на енергетската криза.

Мицкоски исто така истакна дека во оваа насока е и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени во Законот за енергетика со цел мигрирање на општинските и државните претпријатија, како и објектите од образованието и здравството, од слободниот во регулираниот пазар.

„Исто така до соодветните министри го предадовме и предлог законот за измени на Законот за енергетика со кој што предвидуваме мигрирање на јавните претпријатија кои што вршат комунална и водостопанска дејност. Тука веднаш да стане јасно, не мислам само на општинските, тука мислам на сите, вклучително и на државните, како и објектите кои што се дел од образованието и од здравството, од слободниот да мигрираат назад на регулираниот пазар со што драматично ќе се олесни и за граѓаните, ќе се амортизира овој ценовен шок. Тоа е веднаш то треба да се направи”, истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека после средбата во Владата ги потенцираше чекорите кои треба да ги превземе Владата за да следната година не се поминува низ истиот кој поминуваме оваа година.

„Ние продолжуваме и понатаму да исполнуваме, да испорачуваме, а јас и во денешниот мој статус кажав дека не е време за политика, треба да ги ставиме нашите капацитети и да се помогне колку може на граѓаните и на стопанството. Стопнството е сериозен предизвик затоа што стотици илјади наши сограѓани, 650-680 илјади луѓе од приватните компании ги хранат своите семејства чии што работни места се доведени под опасност. Ние ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме имајќи го предвид нискиот и слаб капацитет со кој одговорните лица во владините институции располагаат” потенцираше Мицкоски.