February 3, 2023 13:43
Македонија

Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија во Скопје

Христијан Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија ВМОР-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје.
Зарем мисли дека со измислици за тајни средби Мицкоски ќе се отргне од одговорноста за хасото во главниот град?
Не ја чекаше Ковачевски со трубачи пред СДСМ туку Мицкоски и цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму Мицкоски ја фалеше Арсовска, одеше по митинзи и ја промовираше дека ќе била најдобриот градоначалник на Скопје
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги собраа потписите за кандидатурата на Арсвоска и ги убедуваше скопјани да гласаат за неа.
Токму Мицкоски ветуваше 100 нови електрични автобуси во Скопје, заедно со Арсовска ветуваа бесплатен превоз и модерно Скопје.
И што направија, хаос во главниот град.
Наместо бесплатен јавен превоз нема превоз, наместо електрични автобуси и тие што ги има не возат.
Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија во Скопје, тој, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска заедно.