December 6, 2022 01:25
Македонија

Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите?

Христијан Мицкоски со денови молчи и не кажува што зборувал на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Мицкоски молчи и не одговара дали прашањата што ги нарачуваше од новинарите, му ги поставил директно на Петков? Дали Мицкоски крие што зборувал, затоа што не ги поставил тие прашања до Петков, затоа што е силен само пред камери, едно зборува пред јавноста а друго на затворени средби?

Граѓаните видоа и претходно  на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници.

Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски.