January 23, 2021 21:18
Македонија

Мицкоски смета дека помошникот државен секретар Рикер сака да се допишува со луѓе кои прават криминал ?

Доколку логиката на Александар Николовски, првиот човек на Христијан Мицкоски е дека Зоран Заев е криминалец, а Мицкоски е чист, тогаш е навистина нејасно зошто господинот Филип Рикер не му пишал на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ , туку на Заев?, анализира Медиа.мк.

Десната рака на Христијан Мицкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски, на последното гостување на ТВ Алфа, го обвини Зоран Заев дека е изолиран политичар кого го избегнуваат европските лидери.

Според Николовски, Зоран Заев немал средби со државници надвор од регионов, не заради корона кризата, туку заради тоа што тие го избегнувале.

„Престанаа да се гледаат со него и да имаат средби затоа што тие се исто така политичари и одат на избори и нема да си дозволат тој што им е противкандидат да им рече како вие седите со човек кој прави криминални дела“, рече Николовски во гостувањето на Алфа.

Четири дена по оваа изјава на Николовски, помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, испрати писмо до Зоран Заев во кое што го охрабри решенијата за билатералните спорови да се бараат надвор од евроинтеграциските процеси.

Доколку логиката на првиот човек на Мицкоски е дека Заев е криминалец, а Мицкоски е чист, тогаш е навистина нејасно зошто господинот Рикер не му пишал на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ , туку на Заев ?
Доколку е точно дека сите го одбегнувале Заев затоа што не сакале да седат и да се сликаат со криминалец, тогаш зошто Рикер би сакал да се допишува со криминалец ?
Останува нејасно дали потпретседателот Николовски ја пушти информацијата во интервјуто за да ги манипулира граѓаните или сакал да го пресретне писмото на помошник државниот секретар и да го навреди.
Инаку Мицкоски подолг период наназад нема остварено ниту една средба со лидер на некоја од поголемите народни партии, а од бугарска страна стигна предупредување дека заради неговите лаги можно е да се побара исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од ЕПП.
Последна информација за некоја посета на Мицкоски беше таа дека тајно заминал за Србија. Сеуште Медиа нема добиено повратен одговор од партијата за оваа посета.

Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 55 at AnimeHeaven one piece anime heaven

Slime Taoshite 300-nen, Shiranai Uchi ni Level Max ni Nattemashita Episode Preview at website https://animeflix.nl animeflix hunter x hunter