Македонија

Мицкоски: Се што ќе предложиме владата одбива, не се работи тука за политика туку за суета

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата се одбива што ќе дојде како предлог од ВМРО-ДПМНЕ, тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.

„Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог е непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да помогнат на реалниот сектор.

„Јас и ние како партија кажавме дека здравјето на граѓаните ни е пред и над се. Исто и да помогнеме иако сме во опозиција. Целта е да заболат што помалку луѓе. Тоа е прво. Друг аспект е справување со економската криза. Очекувам светски геополитички поместување. Што после пандемијата? Економијата ќе биде тука прашање. Но, ќе има и поголеми поместување. Никој не зборува за психо трауматскиот шок. Една бројка на „Блумберг“ вели дека три милјарди луѓе не се активни“, рече Мицкоски.

Сето ова ќе остави голема трага на луѓето, посочи Мицкоски, додавајќи дека ние како мала земја мора да седнеме и да разговараме и за што потоа. Според него никој не зборува за посттрауматски ефекти од оваа криза, народот е во страв со право.

„Многу луѓе ќе останат без разбота. Тоа ќе биде сериозен социолошки феномен. Треба да ги видиме ризиците и да постапуваме. Има информации дека ова ќе стивне кон крајот на јуни, и дека ќе има втор бран. Луѓето ќе продолжат да живеат под еден страв и стрес“, истакна Мицкоски.